Ракометната селекција на Норвешка се пласираше на петтото место на континенталното провенство, откако во петокот во Будимпешта во продолжението ја совлада репрезентацијата на Исланд со 34:33 (27:27, 16:12).
Во најдраматичниот дуел за петтото место одигран во историјата на европските првенства, Норвежаните и Исланѓаните се бореа како да станува збор за медал, а на крајот славеше Норвешка којашто така директно се пласираше на Светското првенство во Шведска и Полска следната година.
Во послдната секунда од регуларниот дел Исланѓанецот Јонсон не успеа да го погоди празниот норвешки гол, а во последната секунда до продолжението Реинкинд погоди за конечните 34:33.
Сагосен со осум и Реинкинд со шест погодоци беа најдобри кај Норвешка, а Магнусон со десет голови го предводеше Исланд.
Вечерва во полуфиналните дуели се среќаваат Данска – Шпанија и Франција – Шведска.