![vardar prolet](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2018/05/vardar-prolet.jpg?resize=640%2C451&ssl=1)
Само во првото полувреме од натпреварот со Пролет гостите успеваа да држат каков-таков резултатски приклучок, па затоа старо-новиот шампион на паузата замина само со три голови предност 16:13. Во вториот дел полека Вардар ја презема иницијативата и резултатот полека се зголемуваше.
За „црвено-црните“ ова е четврта титула во низа или вкупно 12-та титула првак на Македонија.
Сезонава Вардар рутински стигна до титулата во домашното првенство, без пртоа да има сериозна конкуренција, за разлика од пред неколку години, кога натпреварите со Металург го одлучуваа шампионот.
Вардар претстојниот викенд го очекува одбрана на трофејот во Купот на Македонија, на завршниот турнир што ќе се одржи во Битола.
А веќе на 26-ти и 27-ми мај во Келн се игра „фајнал фор“ турнирот во Лигата на шампионите, кадешто македонскиот клуб е бранител на европската титула и во полуфиналето ќе се соочи со Монпелје.