Ракометарите на Вардар по нова победа во Лигата на шампионите

шампионите

Во редовите на Вардар истакнуваат дека се подготвени за успех со напомена да не им се повтори ланската сезона кога по четирите победи загубија во 5.коло на гостувањето во Колдинг. Македонскиот првак без никакви проблеми во составот отпатува на гостувањето во Хрватска.

Почетокот на натпреварот е во 20 часот и се игра во „Загребска Арена“. Покрај овој дуел од Б групата денеска играат уште: Кристијанштад и Цеље, додека утре играат: ПИК Сегед – Мешков Брест и Киелце – Рајн Некар Ловен.

Вториот македонски тим во ЛШ, Металург утре гостува кај Монпеље во рамките на Ц групата, а од оваа група играат уште: Елверум – Ла Риоха и Татран Прешов – Чеховски Медведи.

Барселона во чии редови играат македонските репрезентативци Кирил Лазаров и Борко Ристовски вечерва игра на домашен терен против ланскиот финалист Веспрем, додека Кил е домаќин на Кадетен Шафхаузен. Утре Силкеборг го пречекува ПСЖ. Во средата Флензбург ја победи Висла со 22:20.

Во групата Д денеска се играат сите три дуели: Бешикташ – Холстебро, Динамо Букурешт – Нант и Мотор – Брага.