Македонската ракометна репрезентација е поразена на првиот од двата планирани контролни натпревари со силната селекција на Египет, а во петокот вечерта во Каиро домаќините славеа со 25:32.
Избраниците на капитенот-селекторот Кирил Лазаров парираа сѐ до половината на второто полувреме кога при резултат 19:18, домаќините направија серија од четири погодока и се одлепија на плус 5.
Во продолжението египетските ракометари рутински одработија и го привршија мечот со триумф од седум гола разлика.
Никола Митревски имаше солидна партија помеѓу стативите со 11 интервенции од кои два пенали. Филип Талевски со шест погодоци беше најефикасен во нашиот состав, додека Цветан Кузмановски постигна четири гола.
Утре во Каиро со почеток во 19 часот се игра вториот натпревар.