
Ракометарките на ЖРК Ѓорче Петров на реванш дуелот од осминафиналето во саботата се поразени минимално од чешка Хазена Книжварт со 33:34, но имајжи предвид на подобрата гол-разлика од победата во Скопје со резултат 32:29, се пласираа во четвртфинале од Европскиот куп.
Самото четвртфинале е големо достигнување за ѓорчепетровки, и воопшто за македонскиот женски ракомет, по речиси доста изминати години.
Денеска во таборот на ЖРК Ѓорче Петров, Дамјаноска и Николовска беа најефикасни со по шест гола, а Јанкуловска и Коларовска дадоа по пет гола.