![juniorki rakomet](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2023/07/juniorki-rakomet.jpg?resize=688%2C453&ssl=1)
Македонската женска ракометна јуниорска репрезентација ја совлада денес Хрватска со 31:26 и го заврши настапот на Европското првенство во Романија на претпоследното 15. место.
Македонските ракометарки беа поквалитетни на теренот, а до победата дојдоа благодарение на одличното прво полувреме кое го добија со 18:8.
Хрватската репрезентација се обиде да се врати резултатски во натпреварот и на четири минути до крајот ја намали негативата на 28:25, но нашите девојки не дозволија целосен пресврт, па лесно се одбранија од нападите на противникот.