Ракометарките загубија на првиот контролен меч против Норвешка

Во првиот пријателски натпревар против Б селекцијата на Норвешка одигран во четвртокот, а кој беше од затворен тип, македонската женска сениорска репрезентација загуби со 27:26.

По првите 30 минути избраничките на селекторот Љубомир Савевски имаа убава предност од три голови разлика (17:14).

Но, не успеаја да ја задржат позитивата, противникот направи целосен пресврт дојде до триумфот во последните секунди.

Савевски им даде шанса за настап и на помладите ракометарки кои беа дел од Светското првенство во Скопје, а сега го носат и сениорскиот дрес.

Вториот контролен меч меѓу истите две селекции во Спорстскиот центар „Борис Трајковски“ – Скопје ќе биде в сабота (1-ви октомври, 16.00 часот), а како што најави Ракометната федерација на Македнија влезот ќе биде слободен за сите љубители на ракометот и спортот.