Ракометарите на Вардар славеа на гостувањето кај Бутел во Скопје со 34:26 полувреме (17:9), со што „црвено-црните“ дојдоа до четврта победа во исто толку натпревари во машката ракометна Супер лига.
Најпрецизен играч на средбата беше Ловро Јотиќ. Кај Вардар головите беа одлично распределени, сите играчи постигнаа барем по еден освен голманите, а не погодија ниту младиот Атанасовски и дефанзивецот Векиќ.
Во редовите на Бутел со по четири голови се истакнаа Мирко Мајиќ и Златко Мојсовски