
Историскиот успех на македонскиот и сега европски ракометен шампион Вардар, предизвика незапаметен интерес кај домашната јавност, „гладна“ за спортски успеси на меѓунроден план, оценуваат странските медиуми, а официјлната интернет страница на финалниот турнир повикувјаќи се на податоците за гледаноста на финалниот натпревар заклучува дека „ракометот ја излуде Македонија“
Во опширниот извештај посветен на „фајнал-фор“ турнирот на 3 и 4 јуни во Келн, на кој триумфираше скопски Вардар, особено се апострофира фактот дека целата „Република Македонија беше зафатена од ракометнтата треска и во текот на викендот“ кога целата нација ја следеше судбината на својот врвен тим.
Се одбележува дека телевизискиот партнер на VELUX EHF FINAL4, јавниот дифузер МРТВ презентираше податок дека игрите на Вардар пред телевизорите ги приковале милион луѓе, што е незапаметена бројка, којашто далеку ги надминува показателите кога станува збор за најгледаните емисии на македонските телевизиски канали – турските сапуници.
Исто така, повикувајќи се на процените на странските медиуми, во споменатиот извештај се наведува дека околу 150.000 луѓе се собраа во вторникот на централниот плоштат на македонската престолнина, за да го поздрават новиот европски владател – ракометарите на Вардар. Што е истовремено најголемото спортско клупско достигнување на земјата, според извештајот на EHF Marketing GmbH.
Исто така, се оценува дека станува збор за еден од најдраматичните турнири во ова натпреварувње кога Вардар во неколку секунди успеа да ги совладата најторфејниот ракометен колектив на каонтинентот Барселона во полуфиналето и најскапиот ракометен клун во Европа, Пари Сен Жермен во финалниот дуел.
Успехот на Вардар го пренесувале 40 радиодифузери на повеќе од 80 земји и територии, и тоа на клучните пазари вклучително beIN Sports (Франција), SportTV (Унгарија) and DR (Данска) кои пријавиле исклучителна гледаност на настапите на македонскиот тим.
Во средата еден од најтиражните светски спортски дневни весници, шпански AS за пречекот на европскиот шампион Вардар во Скопје, објави дека импозантна бројка од над 100 илјади луѓе, ако се има предвид вкупното население на Македонија, или 5 отсто од популацијата, како што проценува весникот, излегле да го поздрават своите спортски херои.
„Околу пладне, околу 100.000 лица учествуваа во дочекот на тимот, кој со авион пристигна од Германија. Потоа, со отворен автобус ракометарите се упатија кон плоштадот, притоа отпоздравувајќи со фановите кои беа насекаде покрај патот“, пишува AS и додава дека шпанските репрезентативци биле ѕвезди на забавата.
Уште еден од влијателните шпански дневни весници, El Mundo Deportivo, посвети големо внимание на пречекот на Вардар во Скопје, нарекувајќи го „експлозија од радост во Македонија“.
„За мала земја како Македонија, освојувањето на титулата европски шампион претставува национален празник, експлозија на радост која ги надмина сите очекувања. Доаѓањето на хероите извади на улиците 100.000 лица. Ова е огромна бројка, ако се земе во предвид дека Македонија има нешто повеќе од два милиони жители“, пишува весникот.