Корисниците од село Ракотинци утре од 11 часот ќе останат без вода за пиење.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во водоснабдувањето е вградување регулатор за притисок во пумпена станица во село Ракотинци, а корисниците ќе бидат без вода се додека екипите на ЈП Водовод и канализација Скопје не завршат со работата.