Раковите ќе блескаат, рибите ќе мечтеат за љубов

Овен

Љубов: Некои од вас од време на време може да се чувствуваат осамено. Најдобро ќе биде да се смирите и да се повлечете во тишина и да медитирате. Своите очекувања ќе ги формирате според моменталната состојба, па затоа ќе бидат скромни. Сепак, ќе има и убави случувања. Затоа повеќе отворете се.

Работа: Во темите поврзани со финансии или недвижнини ќе дојде до мали недоразбирања, а вие ќе мора тоа да го видите, проанализирате и донесете одлуки кои ќе го насочат понатамошниот тек на случувања. Обидете се да бидете пообјективни и немојте да брзате.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, организмот може прилично да ви биде ослабен, подложни сте на разни поголеми тегоби кои се враќаат од минатото. Посетете лекар. Вежбајте длабоко дишење за опуштање.

Бик

Љубов: Ќе се појават низа прашања поврзани со вашиот приватен живот. Некои ќе чепкаат до крај, а токму тука би требало да сопрат и малку да почекаат. Најмногу затоа што одговорите ќе дојдат со време, сами од себе. Затоа бидете трпеливи и внимателни.

Работа: Главно ќе работите лесно затоа што ќе бидете повеќе мотивирани од другите, а волја ќе имате можеби најмногу. Ќе внесувате креативност во својата работа и со задоволство ќе им ја покажувате на другите околу себе, не само што сте направиле, туку и дека можете да направите повеќе и подобро.

Здравје и совет: На полето на здравјето не би требало да имате поголеми проблеми. Единствено ќе треба да внимаваат женските припадници на знакот затоа што се можни проблеми од гинеколошка природа. Дозволете си малку опуштање.

Близнаци

Љубов: Сигурноста и стабилноста на личните односи ќе ви бидат важни во љубовниот живот. Својата енергија ќе ја насочите кон постигнување на спомнатото. Партнерот ќе биде пријатно изненаден. Оние кои се уште сами сега ќе одбираат само сигурни опции.

Работа: Нема да бидете задоволни со приходите затоа што мислите дека можете повеќе. Ограничувањата ќе доаѓаат поради надворешните околности и никој , барем сега за сега, нема да може да ги забрза работите. Согледајте реално што можете и делувајте според тоа. Ќе видите дека има излез.

Здравје и совет: Со здравјето не би требало да имате било какви проблеми. Имате многу енергија во себе, добро се чувствувате, подготвени сте за сите животни предизвици кои се пред вас. Немојте многу да се грижите, бидете повесели.

Рак

Љубов: Од ден во ден ќе има сè повеќе случувања во вашиот приватен живот. Многумина ќе заблескаат на разни социјални собири, а другите со задоволство ќе ги прифаќаат. Можна е нова љубов, вљубување или среќа. Ќе уживате.

Работа: Секој ден сè повеќе ќе се зголемува обемот на работа кој треба да го завршите, а со тоа ќе има и сè поголем ангажман. Критериумите ќе бидат строги, но немојте да се плашите – ги имате сите квалитети успешно да сработите сè како што треба. Само добро организирајте се.

Здравје и совет: На полето на здравјето не ве очекуваат поголеми проблеми. Ако сте склони кон алергии, сега ќе треба да поведете сметка за тоа, но поголеми тегоби не би требало да имате. Победете го стресот со релаксација.

Лав

Љубов: Преокупираноста со другата страна ќе биде голема, а вие ќе бидете подготвени да се борите за вас двајца до крај. Оние што се во стабилни врски ќе гледаат секој момент да им биде исполнет, но и организиран. Оние кои сè уште бараат сродна душа ќе бидат упорни во додворувањата.

Работа: Со задоволство би го смениле својот став околу проценка на луѓето. Ќе работите на тоа. Овој пат вашите критериуми ќе бидат повисоки, а ќе следи и ваша поголема отвореност кон другите. Со појасна комуникација ќе ги следите новите деловни договори.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, може да се каже дека имате благ пад на енергијата и дека ви е потребно многу повеќе одмор. Потрудете се да не се форсирате премногу. Проверете ја состојбата на вашиот автомобил.

Девица

Љубов: Многу излегувања и широк круг на пријатели кои уште повеќе ќе се проширува, овие денови ќе ви ги направат динамични. Ретки се оние кои ќе бидат сами, а околу вас главно ќе бидат ваши драги личности. Ќе бидете исполнети и отворени за сите типови луѓе.

Работа: На работното место ќе ви биде интересно и многу релаксирано, а вие тоа го сакате. Ќе се активираат одредени задачи поврзани со меѓучовечките односи, условите на работа, услугите кои ги добивате или давате. Ништо нема да ви биде тешко, напротив.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, можни се помали проблеми со грлото, усната шуплина, забите, непцата и со вратниот предел кој ви е сега чувствителен. Поделете ја својата радост со другите.

Вага

Љубов: Ќе бидете сигурни во своите чувства и без разлика на надворешните околности кои што нема да бидат совршени, нема да дозволите ништо да ве попречи на вашиот љубовен пат. Освојувачите ќе освојуваат со голема самодоверба, а оние што се во врска ќе го поттикнуваат партнерот на позитивен став.

Работа: Околностите, луѓето и случувањата сè повеќе ќе ве наведуваат кон тоа дека треба да поработите на својот професионален развој и стручно усовршување. Во тоа веројатно ќе се потпрете на помошта на пријателите, кои ќе ви ги дадат потребните информации.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, покрај проблемите со забите и косата, може да имате и помали проблеми со проширени вени, но и со некои скриени симптоми. Немојте да заборавите на здравјето во целина.

Шкорпија

Љубов: Најдобро ќе се чувствувате во кругот на сопствениот дом или во друштвото на познати и драги личности. Затоа нема да бидете премногу отворени за нови познанства. Во такви околности најверојатно сè ќе остане онака како што е. Status quo.

Работа: Седмицата е добра за работа со млади, настапи пред публика или во јавност, како и за спорт. Некои од вас спомнативе теми ќе ги истражуваат бавејќи се со својата професија. Ќе има и такви кои во работата ќе внесат малку креативност или рекреација. Ќе ви биде интересно.

Здравје и совет: На полето на здравјето подложни сте на проблеми со нервниот систем, грчеви во мускулите, но исто така и со проблеми поврзани со плодноста и простатата (за машките Скорпии).

Стрелец

Љубов: Од време на време ќе ви се чини дека работите одат побавно отколку што би сакале. Вашата желба за љубов ќе биде силна, но ќе бара и повеќе ангажман. Сепак ќе мора да се усогласите со другата страна за да одите заедно. Ќе успеете со малку трпение.

Работа: Веројатно ќе дојде до проблем во комуникацијата или кореспонденцијата. На која страна ќе натежне вагата сè уште нема да се знае. Ќе ви требаат нервите. Немојте ништо да коментирате ако за тоа не сте повикани. Подобро ќе биде да се стрпите.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, не би требало да имате поголеми тегоби или проблеми. Како да сте добиле некои нови извори на енергија. Само избегнувајте ги пороците, единствено поради нив се можни проблеми. Опуштајте се со некој полесен спорт.

Јарец

Љубов: Вашата потреба за друштво нема да биде силно нагласена, па повеќе ќе сакате да останете дома отколку да излегувате. Ќе имате некои неформални дружења со вам блиски луѓе и пријатели, но значајни љубовни зближувања нема да има. Оние што се во врска ќе бидат добро.

Работа: На работа сè повеќе ќе се чувствува вистинска работна атмосфера. Вие најверојатно ќе ги бодрите другите кога ќе дојдат тешки моменти. Некој можеби ќе се жали што има многу работа, но вие тоа ќе го свртите на шега. Така ќе се поттикнувате и себеси и колегите.

Здравје и совет: На полето на здравјето може да дојде до олеснување и подобра ситуација за хроничните тегоби. Генерално поведете сметка за циркулацијата, вените и органите за варење кои сега ви се чувствителни. Некој ќе ви постави невозможни прашања.

Водолија

Љубов: Ако сте во подолга врска ќе имате потреба за повеќе движење. На вашата најдрага личност тоа не мора секогаш да ѝ се допадне, па потрудете се да ја поведете со себе, или да ѝ ја објасните својата потреба за дружење. Оние што се сами лесно ќе го најдат, но нема да го задржат друштвото на спротивниот пол.

Работа: Можеби во прв момент ќе ви се чини дека вашите знаења и стручност не се вреднуваат онака како што треба. Сепак во вториот дел на седмицата ќе им бидете сè попотребни на оние со кои работите. Не размислувајте премногу, едноставно работете.

Здравје и совет: На полето на здравјето не ве очекуваат нови тегоби. Можете да очекувате дека ќе бидете многу силни, па затоа ќе ви годи интензивна физичка активност во овој период. Верувајте во подобро утре. Сè е можно.

Риби

Љубов: Она што го замислувате во љубовта ќе биде посилно од реалноста иако ни реалноста нема да биде лоша. Некои поради тоа повеќе ќе сакаат да живеат во мечтите гледајќи љубовни филмови или да сонуваат на јаве. Ќе има и такви кои ќе ги почувствуваат убавините на платонската љубовна врска.

Работа: Како што ќе одминува седмицата сè повеќе ќе сфаќате дека оние неопипливите или скриените теми сè повеќе ќе добиваат на значење. Наскоро тоа ќе ви биде толку важно што може да ја занемарите реалноста. Внимавајте на работа да не ви се провлече некоја грешка.

Здравје и совет: Кога е во прашање здравјето, поведете сметка за слепото и дебелото црево како и за урогениталниот тракт кој сега ви е чувствителен. Проблематичен ви е целиот долен дел од стомакот. Не претерувајте со храна и пијалак.