Раководител на oдделение во генералниот секретаријат ги навредува граѓаните

Функционери на власта преку социјалните мрежи навредуваат граѓани кои изразуваат свој автентичен граѓански револт и ги нарекуваат со погрдни зборови, сосема спротивно на Кодексот за административни службеници, кој пропишува како треба да биде поведението на еден јавен службеник, па се поставува прашањето дали ќе бидат санкционирани според кодексот од Цветанка Ивановска, генералната секретарка на Собранието.

Бојан Василевски, кој е раководител на Одделение за поддршка на работата на генералниот секретар на Собранието, но и претседател на Опртинската организација на владејачката СДСМ воскопската општина Аеродром, на својот фејсбук профил напиша:

– 40 минути стоиме во место кај МТВ се е блокирано ради 20 стоки пред Собрание!

Василевски, со ваквиот свој напис го навредува народот го излегол да протестира и да искаже автентичен граѓански револт и со своето однесување го прекршува Кодексот за административни службеници и неговиот чл.8, кој вели:

„ Административниот службеник во своето работење и однесување ги промовира демократските вредности и владеењето на правото и се залага за вклучување на граѓаните и засегнатите страни во процесот на креирање на политиките“.  За дополнително во истиот член алинеја два да се продолжи: – Административниот службеник во работењето и однесувањето ги почитува принципите на хуманост, еднаквост и социјална правда.

Дополнително Василевски го прекршува и чл. 10 од Кодексот, кој вели дека административниот службеник не ја истакнува и не ја наметнува на друг својата политичка волја. Додека чл.15 од истиот го регулира однесувањето на работното место, приватниот живот и јавноста, во кој се вели дека административниот службеник го разбира и доживува работењето во администрацијата како одговорна, угледна и почитувана професија. Тој дополнително вели дека истиот е должен во јавноста да се однесува достоинствено со што не би го нарушил неговиот личен углед, угледот на институцијата и на администрацијата во целина.

За говор на омраза по допрен глас може да реагира и Јавното обвинителство.