Раководителот на Институтот за вирологија од Вухан ја разоткри американската теорија за потеклото на вирусот, велејќи дека „Ковид-19“ не може да „протече“ од лабараторија, затоа што нејзината лабораторија ги немаше првите примероци од вирусот пред крајот на 2019 година.
Ванг Јанџи, директор на Институтот за вирологија Вухан, ја опиша теоријата – дека Ковид-19 е создаден во нејзината лабораторија – како „чиста измислица“. Таа објасни дека институтот бил фатен неподготвен кога дознал за новооткриената инфекција.
„Нашиот институт за прв пат доби клинички примерок од непозната пневмонија на 30 декември минатата година“, потсети таа.
Набргу потоа, Пекинг ја предупреди Светската здравствена организација за вирусот, исто кога почнаа да кружат вести во медиумите дека првите жители на Вухан биле хоспитализирани со треска и проблеми со белите дробови.
Пред тоа, инсистира Ванг, институтот немал сознанија за „Ковид-19“, ниту го нашол, истражувал или го чувал.
„Всушност, како и сите други, не знаевме дека вирусот постои“, рече таа.
„Како можеше да излезе од нашата лабораторија кога го немавме?“
Нејзините коментари очигледно беа насочени кон теоријата за „потекло од лабораторијата Вухан“, која агресивно ја наметна администрацијата на Трамп. Некои од нејзините членови, како државниот секретар Мајк Помпео, не се двоумеа да ги цитираат „огромните докази“, кои, како што рече, покажале дека вирусот е создаден од човек и веројатно потекнува од кинеска лабораторија.
Ванг потврди дека институтот работел на три живи видови на лилјаци со коронавирус, но нивниот ген се разликувал од генот Ковид-19 – или САРС-КоВ-2, како што е познато на научната заедница. Еден таков вид вирус носи 96 проценти сличност со обичниот вирус САРС, додека „нивната најголема сличност со САРС-КоВ-2 достигнува само 79,8 проценти“.
Но, според стандардите на студиите за вирологија, дури и најмалиот јаз во проценти прави голема разлика, објасни Ванг.
„Во природниот свет, потребно е долго време вирусот да се развие и да мутира природно за да стане САРС-КоВ-2“, откри Ванг. Таа се осврна на „тековниот консензус на меѓународната академска заедница“ дека Ковид-19 потекнува од диви животни.
Сега на истражувачите им е да истражуваат подлабоко во неговото потекло „засновано на научни податоци и факти“.
Самата Кина постојано ја отфрла американската теорија како „неосновани обвинувања“, додека СЗО заклучи дека сите расположиви докази укажуваат дека не доаѓа од лабораторија. Оваа проценка се совпаѓа со ставот на најблиските сојузници на Вашингтон – освен со разузнавачката заедница на Соединетите држави – кои веќе ја отфрлија можноста „Ковид-19“ да биде направен од човекот.
Пекинг, од своја страна, изрази подготвеност да соработува при утврдувањето на потеклото на „Ковид-19“, под услов таквата меѓународна истрага да е „професионална“ и без политичка игра на наметнување вина, изјави во неделата државниот советник и кинескиот министер за надворешни работи Ванг Ји.