Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ дозволило промена на договор за набавка од 10 милиони евра, за фактурите да му ги доставува тампон фирма

Раководството на МЕПСО од СДС и ДУИ при набавката на уредот за корекција на високонапонски профил од скоро 10 милиони евра инфлагранти исцртале шема како ги испумпувале парите. На вчерашната прес-конференција кажавме дека претпријатието Далековод АД од Загреб само можело да се јави на тендер и да го добие, истото немало потреба од Албанската фирма параван за испумпување на парите изјави на прес конференција, Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Дали МЕПСО под раководство на СДС и ДУИ ја поставиле Шанси инвест од Албанија како фирма од која тие требало да ги поделат провизиите? МЕПСО кое доставило модел договор до добавувачите и барало тој да биде претходно прифатен, откако Далековод АД Загреб го добива тендерот дозволува измена и дополнување на договорот.

Во чл.9 од договорот е дополнето дека доставувач на фактурите ќе биде Шанси инвест од Албанија, а не Далековод АД Загреб, кој всушност е и производител на опремата. Дополнително наведено е дека Шанси инвест ќе биде доставувач на авансната и сите други фактури до МЕПСО.

И студент од прва година правен или економски факултет ќе сфати дека Шанси инвест до МЕПСО доставува фактура, си ја наплаќа провизијата, а потоа му исплаќа на производителот Далековод АД Загреб за опремата.

Го повикуваме ЈО да отвори случај. Далековод АД Загреб можел сам да се јави на тендерот, зошто не го сторил тоа и дали за тоа бил уценет и од кого?н ЈО мора да го истражи овој случај. Утре продолжуваме со нови детали за оваа скандалозна набавка, рече Петрушевски.