
Премиерот на Албанија, Еди Рама на својот профил на социјалната мрежа Фејсбук упатил критики до македонскиот претседател Ѓорге Иванов за неговите ставови во поглед на законот за употребата на јазиците, пренесува весникот ,,Бота сот“.
– Г. Иванов , албанскиот јазик не е јазик на непријателот, туку е јазик на уставотворен народ во Македонија. Без Албанците нема Македонија почитуван претседател Иванов- напишал Рама.