Премиерот на Албанија, Еди Рама, на Бледскиот стратешки форум што се одржува на темата „Иднината на Европа“, директно му порача на бугарскиот претседател Румен Радев да дозволи земјите од Западен Балкан, меѓу кои и Македонија, да започне преговори со ЕУ.
-Сакам да ја искористам приликата и да го прашам претседателот на Бугарија, ве молам, вие Бугарите, немојте да бидете толку европејци, бидете малку Балканци. Отворете го патот. Отворете го патот. Што се обидувате да спасите таму? Се обидувате да спасите што? Отворете го патот за разговор. Дозволете ни да разговараме со нив, можете да бидете цело време на патот и да кажете не – блокираме овде, блокираме таму, застануваме тука, застануваме таму. Но, отворете го патот – истакна Рама.