Рама го соопшти составот на новиот владин кабинет, жени ќе раководат со 12 од 16 ресорите

Лидерот на албанските социјалисти и актуелен премиер, Еди Рама, на седницата во четвртокот на Националното собрание на партијата го соопшти составот на новиот владин кабинет.

Нема некои поголеми изненадувања околу имињата на членовите на владата популарно наречена „Рама 3“, но она што посебно паѓа в очи е застапеноста на министерки. Од 16 министерски места во дури 12 ќе седнат жени.

Рама одлучи негова десна рака, заменик премиер, да биде Арбен Ахметај, кој доаѓа на местото на Ерион Браче, кој го објави своето заминување пред неколку дена преку социјалните мрежи.

Ново стари министери се Олта Џачка за Европа и надворешни работи, Огерта Манастирлиу за здравство, Белинда Балуку за инфратсруктура, Нико Пелеши за одбрана, Бледи Чучи, за внатрешни работи Елва Маргарити, за култура и Евис Куши за образование.

Нов министер за правда ќе биде Улси Мања, секторот финансии го превзема Делинда Ибрахими, за земјоделство Фрида Крифца и Мирела Кумбаро за туризам.

Владата ќе има и четворица државни министри, сите жени, Елса Спиропали за односи со Парламентот, Едона Билали, за заштита на претпремачите, Бора Музаќи за млади и деца и Милва Економи, за стандарди и услуги.

Ова е трета по ред влада раководена од Рама, откако неговата партија победи на изборте на 25-ти април годнава.

Според најавите за неа ќе се гласа на 10-ти септември, кога е закажана конститувната седница на новиот законодавен дом.