Албанскиот премиер Еди Рама на Бледскиот стратешки форум кој оваа година е посветен на темата „Иднината на Европа“, целата ситуација со проширувањето на Европската Унија духовито ја опиша вака:
– Некој им се обратил на еврооптимист и европесимист во врска со проширувањето на ЕУ. Го прашал еврооптимистот што мисли за тоа. Овој рекол: Турција ќе влезе во ЕУ или под претседателство на Македонија или под претседателство на Албанија. Потоа истото го прашале европесимистот. Овој рекол: Секако, и Македонија и Албанија ќе влезат во ЕУ под претседателство на Турција, рече Рама.