Албанскиот премиер Еди Рама, на Твитер објави жестока осуда на случувањата во Бугарија и немоќта на ЕУ да донесе одлука за отпочнување преговори со Северна МАкедонија и Албанија.
„Нов ден е во Европа, но не и во Бугарија! Колку е срам за Европа оваа бугарска работа! Среде многу жешка војна во дворот на Европа, земја на НАТО киднапира две други земји на НАТО под надзор на 26 земји од ЕУ кои седат мирни во страшна претстава на немоќ!, напиша Рама на Твитер.
It is a new day in Europe but not in Bulgaria! What a disgrace for Europe this Bulgarian affair! In the middle of a very hot war at Europe’s backyard a Nato country kidnapps two other Nato countries under the watch of 26 EU countries that sit still in a scary show of impotence!
— Edi Rama (@ediramaal) June 23, 2022
Рама, заедно со македонскиот колега Димитар Ковачевски и српскиот претседател Александар Вичиќ присуствуваат на самитот ЕУ-Зааден Балкан во Брисел.