Рама: Косово има два патa, едниот е војна од која никој не добива, другиот е градење мир

„Вчерашниот настан е одраз на длабоката тешкотија што постои во овој однос и практикувањето на суверенитетот на целата територија на државата Косово, врз основа на договорот меѓу Косово и Србија во Брисел. Во овој момент 100 отсто ja поддржувам Владата на Косово и властите на Косово да го спроведат договорот“, рече албанскиот премиер Еди Рама, пренесува Косово онлајн.

Рама нагласи дека косовската влада донела правилна одлука со спроведување на реципроцитет, а потоа ја одложила за 30 дена и дека во вакви ситуации Косово има два начина, едниот е враќање и војна, а другиот е да седне на масата на „Отворениот Балкан“.

„Овие ситуации не покажуваат дека „Отворениот Балкан“ е непотребен или погрешен. Тие не покажуваат дека нашиот пристап кон Србија и политиката за приближување е непотребен, овие ситуации покажуваат зошто е потребен „Отворен Балкан“. Ова е причината зошто Косово треба да дојде и да седне на масата „Отворен Балкан“. Кога работите ќе тргнат наопаку има два начина. Едниот е војната од која никој не добива, другиот е градењето мир. Ние сме луѓе и имаме обврска да оставиме мир на нашите деца“, изјави Рама.

Албанскиот премиер го повика претседателот на Србија Александар Вучиќ, во врска со последните настани на Косово, да не дава „никакво оправдување на одредени групи на северот на Косово“.

„Го повикувам претседателот на Србија да не дава никакво оправдување на одредени групи на северот на Косово, кои од свои причини се противат на спроведувањето на договорот кој мора да се примени и кој важи за да се даде поголем кредибилитет на дијалогот меѓу Косово и Србија“, рече Рама.

Албанскиот премиер изјави дека договорите договорени со другата страна треба да се спроведуваат, а не да се разговара.