
Премиерот на Албанија, Еди Рама, ќе разговара со бугарскиот претседател Румен Радев за начините на кои може да се дојде до решение на бугарско-македонскиот спор со цел одблокирање на евроинтегративните процеси.
Рама ваквата порака ја испрати за време на својата официјална посета на Бугарија.
-Работен состанок со претседателот Румен Радев на кој разговараме за за одличните билатерални односи и за потребата од дијалог за да се реши критичниот спор меѓу Бугарија и Македонија, кој во моментов го блокира дури и повикувањето на Албанија на меѓувладина конференција со ЕУ – порача Рама.
Во рамки на посетата на Софија, Рама оствари средба и со вршителот на должноста премиер на Бугарија, Стефан Јанев.