Рамадани и Вандески македонски претставници на атлетското ЕП У23 во Талин

Од денес до 11 јули во Талин, Естонија ќе се одржи Европското првенство за атлетичари до 23 години.

Атлетската федерација на Македонија ќе има двајца претставници. Сенад Рамадани е пријавен на две трки, на 400 и на 200 метри.

Во Талин ќе биде и Леонид Вандески. Тој ќе настапи на 3.000 метри стиплчес.