Исмет Рамадани во интервју за Mкд.мк вели дека ДУИ претерува со премногу нагласување на „националното“ во однос на функцијата премиер и во однос на евентуалната коалиција со СДСМ. Според него, кај одредени експоненти на партијата се забележува и малку фрустрација, па дури и агресивност.
„Кога преговараш или разговараш за формирање влада не оди со ,,мора‘’ и со условувања, кои воопшто не остават можност за да се продолжи понатаму. Мислам дека тоа е малку пренагласено од Бујар Османи и Артан Груби како експоненти на ДУИ. Најверојатно се работи за малку плашливост кај нив зашто тие сепак не се пратеници и одењето на ДУИ во опозиција тие го гледаат како да одат во пеколот, бидејќи со години се навикнати на сите привилегии. Но начинот на кој сакаат да го наметнат ставот пред јавноста има негативни реакции и кај албанскиот блок, а посебно кај македонскиот блок на политички партии“, вели Рамадани.