Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос, е казнет со еден милион евра поради затајување данок. Даночната служба на Шпанија открила дека играчот сокрил приходот добиен од продажба на права на имиџ, пренесува „Марка“.
Претходно, Рамос од истата причина веќе плати пола милион евра.
Шпанскиот репрезентативец ја обжалил оваа одлука на Даночната служба.