Капитенот на шпанската репрезентација и на „Реал Мадрид“, Серхио Рамос одлучи да ја побара за жена мајката на нивите три деца, Пилар Рубио. Веста на социјалните мрежи ја споделија двајцата, а објавија иста фотографија од романтичната вечера и свршеничкиот прстен на познатата ТВ водителка.
Пилар е осум години постара од Рамос (32) со која е во врска од 2012 година, па реши конечно да ја запроси.
Првото дете, синот Серхио, се роди во 2014 година, вториот син Марко го добија во 2015 година, а Алехандро е роден во март оваа година.
Двојката во моментот е на летување со своите три деца.