Пожарот што утрово изби во локалот „Истанбул кебап“ во „Рамстор“ е изгаснат за кратко време благодарение на системот за гасење пожар во трговскиот центар односно т.н. „спринкерски систем“, соопштуваат од „Рамстор“.
„Благодарение на брзата и ефикасна реакција на овој систем, немаше потреба од никаква интервенција од страна на противпожарната екипа, која исто така беше повикана и за многу кратко време пристигна на местото на случувањето“, се вели во соопштението од „Рамстор“.
При пожарот, како што тврдат од трговскиот, не е причинета никаква материјална штета, а „Рамстор“ продолжи непречено да функционира.
Пожарот избувнал во 9,45 часот во ресторанот на вториот кат. Причините засега се непознати.