Полицијата во Тетовско пронашла ранец полн со марихуана, информираше МВР.
Според полицијата, дрогата била пронајдена вчера околу 17.30 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце во месноста Воденица. Полициски службеници пронашле ранец во кој имало четири до пет килограми марихуана. Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувана во најлонски кеси.
Извршен бил увид на местото на настанот, а пронајдената марихуана е подигната и предадена за вештачење. Се работи на целосно расчистување на случајот.