Вчера на ул. „Илинденска“ две непознати лица со пиштол испукале неколку куршуми кон М.А. (46) од Тетово, нанесувајќи му прострелна рана во пределот на левата подколеница и на Е.А. (38) од с.Горно Палчиште му нанеле прострелна рана во пределот на стапалото.
Повредените се пренесени во Клинички центар Тетово, а поради сериозноста на повредите М.А е пренесен во Клинички центар Скопје. Се преземаат мерки за целосно расчистување на случајот.