Ранет внукот на Рамуш Харадинај, повреден и еден случаен минувач

Во Пеќ во Косово со огнено оружје повредени се две лица, а сторителот на делото се дал во бегство.

Како што пренесуваат косовските медиуми еден од повредените е роднина на лидерот на ААК, Рамуш Харадинај, односно станува збор за Ахмет Џекај внук на Харадинај.

Од обвинителството, веднаш после вооржената престрелка излегле на терен и се преземаат сите мерки за расчистување на настанот.

Како што пишуваат косовските медиуми двете лица се надвор од животна опасност, а како што наведуваат истите второто лице кое што настрадало било случаен минувач.

Полицијата работи на цечосно расчистување на случајот.