Единаесетгодишното момченце Стефан Стојановиќ и неговиот брат 21-годишниот Милош Стојановиќ, кои во петокот беа ранети крај Штрпце кога локален Албанец пукал во нив од возило во движење, се добро и се опоравуваат, а напаѓачот е уапсен.
Населението ги прекина протестите и блокадата на патот Урошевац-Штрпце, пренесува РТС. Нападот го осудија Белград и Приштина, како и претставници на ЕУЛЕКС, ОБСЕ и Европскиот парламент.
По разговор со претставници на локалната власт и ветувањата на полицијата, жителите одлучија да ги прекинат протестите и блокадата на патот Урошевац-Штрпце.
Договорено е полицијата уште еднаш да постави контролни пунктови на влезот во Штрпце и на излезот кај Јажнице.
Беше договорена средба и со градоначалникот на Штрпце, претставници на селото и полицијата, на која граѓаните ќе ги достават барањата до полицијата поврзани со безбедноста.
Нападот го осудија и Белград и Приштина. Српскиот претседател Александар Вучиќ им испрати поддршка на ранетите момчиња.
Европската унија го осуди инцидентот и оцени дека е важно властите во Приштина да го истражат ова грозоморно злосторство, соопшти портпаролот на ЕУ Петер Стано.