Жените во ВМРО-ДПМНЕ се активни и играат клучна улога во политиката. Ако порано жените се бореа за право на глас, денес жените во Македонија не само што имаат право на глас, туку имаат право и да бидат изгласани. Доказ за тоа е дека жените се присутни на листите и за советници и за пратеници.
Имаме повеќе од 30 проценти кандидатки на листата на ВМРО-ДПМНЕ, имаме жени на раководни функции, градоначалнички, министерки, истакна Даниела Рангелова кандидат за пратеник од листата на ВМРО-ДПМНЕ од ИЕ1, во отовореното студио пред почетокот на митингот во Центар.
Нашата програма „Проверено“ има 2046 проекти, се што ќе ветиме исполнуваме, нашата партија е позната по тоа што за ветеното дава отчет. Ќе имаме отварање на нови 64000 работни места.
Како претседател на Унијата на жени, потенцираше Рангелова, ќе се залагам за измена и доплнување на Законт за еднакви можности помеѓу мажите и жените, имплементирање на проектот за инкорпорирање на буџетската родова еднаквост во сите институции, ќе има нов закон за спречување на семејно насилство и во него јасно ќе биде дефинирано заштитата на правата на жртвите на семејно насилство и превенцијата.
-Ќе се залагаме за економско јакнење на жените, кое што е прв предуслов за да нема семејно насилство. Жената директно ќе се вклучи во пазарот на трудот. Ќе се зголеми социјалната помош, пензиите, платите во јавниот сектор. Ќе се зголемува паричната помош на лицата со даунов синдром. Сите оние претпријатија кои имаат основач или управител жена ќе добиваат субвенции, истакна Рангелова.
Ние секогаш се залагаме за подобрување на условите за работа пред се на жените, самохрани мајки, додаде Рангелова, а граѓаните веќе ја препознаа разликата.