Ранковце ќе стане најголемата текстилна зона во Европа

Турската групација „Веибо груп“ , денеска и официјално ја најави својата инвестиција во земјава која предвидува отворање на нови 5.000 работни места и изградба на најголема интегрирана текстилна зона во Европа. Зоната  ќе се гради во близина на Раковце, а ефектите од  инвестицијата ќе бидат значителни во поглед на заживувае на целиот североисточен регион каде што има голема невработеност.

Во првата фаза компанијата најави инвестиција од околу 180 милиони долари, а за пет години таа би требало да се зголеми на 400 милиони долари, со планиран извоз од 600 до 800 милиони долари.

Како што посочи и Вицепремиерот задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски, изградбата на планираните фабрики ќе ја зголемат и конкурентноста на домашните текстилни фирми бидејќи „Веибо гуп“ ќе произведува и репроматеријали за текстилната индустрија.

Сопственикот на компанијата, Алперин Селџук, истакна  дека „Веибо груп“ работи и како логистика на најпознатите текстилни брендови, а нивна цел е брзо производство и дистрибуција на производите на светкиот пазар.

„Нашата групација е меѓународна компанија со 10.000 вработени во Камбоџа и 4.000 варботени во Кина.  Речиси две години правевме истражувње на пазарот во Србија, Албанија, Бугарија, Македонија и Романија и утврдивме дека тука има квалитетна работна сила. Овој регион има можност за брзо производство и достава. Зоната ќе биде најголема во Европа, а ќе се подобри и состојбата на фирмите во земјава со кои ќе соработуваме“, истакна Селџук.

Интегрираната текстилна зона ќе опфати изградба на повеќе фабрики, како предилница, ткајачница, фарбара, производство на текстил и платно, кое другите текстилни компании низ Македонија ќе можат да го користат.

Освен текстилни работници, компанијата ќе има потреба и од сметководители, како и цел сектор на помошни услуги кои ќе вработуваат високо квалификувана работна сила.