Единствената екипа во НБА лигата чие седиште е во Канада, шампионите од 2019 година, Торонто Рапторс, своите домашни наптревари на почетокот од новата сезона која треба да започне на 22-ти декември, ќе ги игра во Тампа на Флорида.
Откако владите на САД, Канада и Мексико, поради пандемијата на коронавирусот договорија забрана на патувањата прекиу гранците, освен во итни и исклучително важни случаи, Рапторс беа принудени да најдат привремено ново седиште.
„Рапторс соработуваа со здравствените службеници на локално, регионално и државно ниво за да обезбедат играње на натпреварите на домашен терен во сезоната 2020/2021. Конечно, поради актуелната јавноздравствена ситуација со која Канаѓаните се соочени и поради итноста на одредувањето на местото каде што ќе играме, одлучивме сезоната да ја започнеме во Тампа“, објави претедателот на канадскиот клуб, Масаи Уџири.