![policija-3](https://i0.wp.com/netpress.com.mk/wp-content/uploads/2020/12/policija-3.jpg?resize=696%2C393&ssl=1)
По преземени мерки и активности, полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Кочани расчистија „тешка кражба“ извршена ноќта на 18/19.04.2021 од маркет на ул.„Маршал Тито во Кочани, за кое осмоничен сторител е А.С., сопруг на вработена во маркетот.
Осомничениот А.С. ги земал клучевите без знаење на сопругата, влегол во маркетот и од кутија одзел околу 120.000 денари. Паричните средства се одземени и вратени на сопственикот.
Се работи на комплетирање на случајот по што против А.С. ќе биде поднесена соодветна кривична пријава.