Расчистена тешка кражба во Скопје, приведени три лица

На 28.01.2021, по преземени мерки и активности, полициски службеници од ЕВР Карпош – СВР Скопје ги лишиле од слобода Ф.К.(25), Ф.К.(23) и Ф.И.(29), сите од Скопје, затоа што на 27.01.2021, во периодот од 21.30 до 23.30 часот, извршиле тешка кражба во продажен објект во спортски центар во Скопје.

По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.