Во петокот (23.02.2024) СВР Скопје до Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против 36-годишниот А.К. од Скопје поради обид за убиство.
Имено, ден претходно, во четвртокот (22.02.2024) околу 14.20 часот во Скопје, полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје го лишија од слобода А.К., постапувајќи по претходна пријава дека околу 14.00 часот во угостителски објект на улицата „Ќемал Сејфула“ во скопската населба Чаир, пукал во Е.С. и му нанел повреда во ногата.
Против А.К. е поднесена кривична пријава до ОЈО Скопје, а судија од Основен кривичен суд Скопје му одреди мерка притвор од 30 дена.