
Возачот на Мерцедес, Британецот Џорџ Расел беше најбрз во саботата на последниот тренинг за Големата награда на Формула 1 во Абу Даби, што се вози в недела.
Расел, кој исто така беше најбрз на првиот тренинг во петокот, ја извозе патеката Јас Марина со најдобро време од една минута 24.418 секунди.
Ландо Норис од Мекларен беше втор најбрз, а трет неговиот тимски колега, австралискиот дебитант Оскар Пјастри.
Верстапен беше шести, но подоцна се пожали дека автомобилот многу му пролизгувал.
Верстапен ја брка рекордната 19-та победа во настојувањата со Ред Бул дека ќе ја заврши годината со 21 победа од 22 трки.