Екипата на Мерцедес дојде до двојна победа на трката за ГН на Белгија која се возеше на култната патека „Спа“ откако Џорџ Расел го освои првото место и ја доби битката против тимскиот колега Луис Хамилтон кој заврши на втората позиција.
Интересно беше до самиот крај откако во последниот круг Хамилтон имаше напад кон Расел, но лидерот се одбрани и ја заврши трката како прв.
Третото место на подиумот му припадна на Оскар Пјастри од Мекларен. Четврти заврши Чарлс Леклерк од Ферари, а потоа следува актуелниот шампион Макс Верстапен, Ландо Норис, Карлос Сајнц, Серхио Перез, Фернандо Алонсо и Естебан Окон кои добија бодови од оваа трка.