Рашела Мизрахи ќе раководи со Анкетната собраниска комисија за скандалот на Онкологија

Пратеничката Рашела Мизрахи ќе биде претседтелка на Анкетната комисија што ќе ја формира Собранието за скандалот на Онкологија.

Денеска тоа ќе се утврди на седницата на Собраниската комисија за финансирање и буџет, која треба да се одржи во 11.30 часот.

Ова било договорено на координација меѓу пратеничките групи од власта и опозицијата, така што се очекува предложените имиња од опозицијата да поминат на денешната седница на Комисијата.

Потоа овој предлог ќе биде доставен до Собранието, и се очекува тоа да го изгласа веќе наредната недела, односно во среда.

Инаку, кога се формиора ваква анкетна комисија, по правило опозицијата има претседател, но помалку членови од мнозинството. ВМРО-ДПМНЕ ќе има шест члена, СДСМ 4, а вледајачките ДУИ и Алијанска по два и еден член соодветно.

Како предлози на ВМРО-ДПМНЕ за членови на Анкетната комисија за Онкологија се предлагаат и Александар Велјановски, кој треба да биде заменик претседател, како и Антонио Милошоски, Гордана Силјановска Давкова, како и Иванка Василевска.