Семејството на Драги Рашковски, поранешен генерален секретар во Владата, сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при релизација на програмите за работа на Владата, ќе гради хациенда во Побожје, пренесе Алсат.
Според информациите на Алсат, инвеститори на супер-комотната куќа се неговите две малолетни деца. Плацот е веќе израмнет, на терен има и два багера.
На плацот, според имотниот лист, постоеше викенд куќа од околу 60 – на метри квадратни. Сега просторот е порамнет. Според информациите на Алсат според проектот, ќе се гради куќа од над осумстотини метри квадратни нето површина.
Големиот градежен зафат предвидува објект за домување, базен, теретана, соба за билјард и разни други погодности.
Просторот е расчистен. Исечени се дрвјата околу плацот. На имотот како сопственици се јавуваат децата на Рашковски. Но и самиот тој во Побожје поседува 11 илјади метри кавдаратни земјоделско земјиште. Го впишал во анкетниот лист по изборите лани. Но, овој имот го нема во неговиот претходен анкетен лист кога дојде на функцијата Генерален секретар на Влада. Го купил потоа за речиси 100 илјади евра. Колку заработува, а колку троши, истражува и Антикорупциската комисија.