Генералниот секретар на владата, Драги Рашковски, купил викендица на луксузна локација во Маврово, која ја нема пријавено во анкетниот лист во Државната комисија за спречување на корупцијата – покажуваат документите до кои стигна поратлот „Лидер“.
Куќата Рашковски ја купува со својата скромна плата како прв административец во владата на СДСМ.
Со истата таа плата и платата која претходно ја имаше како универзитетски професор, според анкетниот лист во ДКСК тој си има купено и стан од 90 квадрати, земјоделско земјиште од 2089 метри квадратни, мотор Kawasaki Ninja, мотор BMW 650 GT, автомобил Волво 760, мотоцикл Хонда Голдвинг и гаража во Скопје.
Практично, Рашковски ја купува оваа куќа само неколку месеци откако „Лидер“ и „Експрес“ го објавија скандалот за барање на провизија во „М-НАВ“, во кој објавивме снимки како Рашковски бара провизија од италијанската компанија „Леонардо“ . Овој скандал сеуште нема судска разрешница, но првиот човек на административците во владата, според документите кои ги објавуваме, веќе почнал да се подновува со имот.
Целата содржина ќе може да ја прочитате на овој линк.