Рашковски од куќен оди во притвор во Шутка

Поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски, од куќен притвор, мерка којашто му беше определена за истрагата за набавката на контроверзниот софтвер, оди во истражниот затвор Скопје во Шуто Оризари.

Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција ја прифатил жалбата на јавниот обвинител и му определил 30-дневен притвор, соопштија од Кривичниот суд.

Рашковски се терети за случај во кој злоупотребил државни пари и набавил софтвер чиј автор е и самиот. Софтверот, како што своевремено објави Министерството за внатрешни работи, не бил потребен и не бил нарачан, но ресорот не бил ниту известен.