Рашковски оди во куќен притвор

Драги Рашковски од Шутка заминува во куќен притвор, јави ТВ 24.

Според судот, Советот не ја прифатил гаранцијата, туку се одлучил за куќен притвор, бидејќи постои основан страв дека може да се уништат траги на кривичното дело, или Рашковски да ја попречува истрагата.

„Притворот за Рашковски е определен по член 165 став 1 точка 1 и 2. Жалбата на решението за притвор е со гаранција. Бидејќи нашиот Совет оценил дека се уште постои точката 2, поради која е определена мерка притвор, а точка 2 се состои во постоење основан страв дека може да се уништат трагите на кривичното дело, или кога постојат околности што укажуваат дека обвинетиот може да ја попречува истрагата, значи кога постои тој основ тогаш мерката притвор не може да се замени со гаранција.“  – велат од Апелација.

Поранешниот генерален секретар на Владата, Драги Рашковски понуди половина милион евра гаранција за да излезе од притвор, за што Вишото јавно обвинителство, даде позитивно мислење – но последниот збор во случајот го имаше Апелација, која одлучи за куќен притвор.