Рашковски поднел оставка од местото генерален секретар на Владата

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, поднел оставка од функцијата уште пред месец и половина, соопшти денеска премиерот Зоран Заев.

Како што посочи премиерот, Рашковски ќе остане да работи на тоа место сè додека Владата не најде ново решение, но засега нема одлука кој ќе биде негов наследник.

– Генералниот секретар Драги Рашковски поднесе оставка пред месец и пол, тој ја извршува функцијата додека не дојде нов. Правиме консултации сè уште, засега немаме донесено одлука, штом ќе ја донесеме ќе ја информираме јавноста – рече Заев.