Во новото магазинско издание на емисијата „360 степени“, што ќе се емитува вечерва со почеток од 22 часот на ТВ „Алсат“ се открива нов коруптивен скандал што допира до поранешниот генерален секретар во Владата, Драги Рашковски.
Како што најавуваат од „360 степени“, возилото што го користел Рашковски е во сопственост на фирма на еден од хонорарците чиишто имиња Владата ги криеше, а добиваа хонорари во висина од 20 до 50 илјади денари, потпишани директно од поранешниот генсек на Владата, Рашковски.
-Волвото во кое го „уловивме“ Драги Рашковски го поседува фирма на еден од хонорарците чии имиња Владата првично ги криеше; Авторските договори, со месечен хонорар од 30.000 до 50.000 денари, му ги потпишувал лично Рашковски – се наведува во најавата за емисијата „360 степени“.