1.8 C
Skopje
понеделник, декември 2, 2024

Рашковски в понеделник ќе го брани спорниот докторат

Драги Рашковски, генералниот секретар на Владата, во понеделник на правниот факултет „Jустинијан Први“ при универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ ќе го брани спорниот докторат за кој во јавноста се тврдеше дека го пријавил во својата биографија пред да стане владин функционер.

– „Правниот факултет „ЈУСТИНИЈАН ПРВИ“ во Скопје, соопштува дека на ден 25.11.2019 (понеделник) во 15 часот, кандидатот Д-р Драги Рашковски ќе ја брани својата докторска дисертација на тема: „Дигитализација и автоматизација на комуникацијата на граѓаните со јавната администрација (со систем за дигитално комуницирање со јавната администрација)“. Одбраната ќе се одржи во салата за состаноци на Правниот факултет „Јустинијан први“ – Скопје (сала за ннс. под деканат)“, гласи огласот, пренесува Фактор.

За потсетување, владиниот критичар Димитар Апасиев претходно го обвини Рашковски дека изнел неточни податоци во биографијата и дека побрзал пред две години да се пофали со наводна втора научна титула „доктор на науки“, иако „никогаш ни до денешен ден го нема одбрането докторатот, ниту пак има добиено позитивна рецензија за истиот“.