Во саботниот број на познатото британско електронско списание за книжевност „Body“ е издвоен, како проза на бројот, расказот „Папрадишки“ на писателот Александар Прокопиев, објави МИА.
Расказот е преземен од англиското издание на неговата книга „Човечулец“ што неодамна беше објавена во издание на лондонската издавачка куќа „Istrosbooks“.
Уште еден расказ од оваа книга, „Змиулче“, беше одбран во годишната антологија „Најдобриот европски расказ“ на американскиот издавач „Dalkey“.
Англиското издание на „Човечулец“ за кусо време беше повод за неколку позитивни критики и интервјуа со авторот