Вистински раскол на Бихаќка по вчерашното фијаско на Зоран Заев во преговорите за целосна реализација на Договорот од Пржино. Партиски извори за Пресс24 потврдуваат дека дел од раководството, но и истакнати функционери на партијата кои порано раководеле со неа остро реагирале на однесувањето на Зоран Заев.
Поради неговата погрешна и неодлучна политика партијата сега е во комплетна меѓународна изолација. Од многуте ветувања добивме ситуација по која веќе нема да можеме да влеземе во ниту една странска амбасада. Веќе не е ни важно кога ќе се одржат изборите бидејќи по ова вчера, на сите во партијата им е јасно каков ќе биде исходот, вели висок партиски функционер кој инсистира на анонимност.
Истиот функционер за порталот вели дека членството е дополнително демотивирано и дека се очекува поразот на изборите за да може Заев да си замине од партијата и да и остави простор да се реструктуира и да почне од почеток. Лидерот на СДСМ вчера се загубил на преговорите во Пржино.
Учесници во преговорите велат дека делувал многу чудно и дека во неколку наврати меѓународниот фактор морал да му се обраќа со висок тон и недипломатски речник за да го врати во реалноста, пишува Пресс24.