Рашковски си ја именувал бабата за претседател на Второстепената комисија на Владата

Непотизмот на новата владејачка гарнитура предводена од Зоран Заев и СДСМ повторно се покажува на дело, откако владиниот генерален секретар Драги Рашковски, си ја поставил бабата за претседател на Второстепената владина комисија.

Елена Начевска, мајка на Вероника Начевска (сопругата на Драги Рашковски) е именувана за претседател на Комисијата за жаби. За именувањето на мајката на сопругата на Рашковски за претседател на второстепената владина комисија, Владата неодамна информираше преку соопштение кога беа објавени 67-те нови функционери и директори на органи, државни управи и казнено поправни установи.

Покрај Начевска како претседател, за член на Комисијата за жалби беше именувана Марија Спиреска. Со поставувањето на својата баба за претседател на оваа Комисија, Рашковски на дело го покажува непотизмот во Владата на Заев и СДСМ.

Јавноста претходно беше запознаена дека Дејан Костиќ, кој како што веќе е познато е кум на Рашковски, ќе ги работи сите правни работи во Владата, како што се кадровски смени, решенија, свикување седници, изготвување инфоформации и други работи кои веќе ги работеа вработени во Владата, но сега ќе бидат под ингеренции на неговата адвокатска канцеларија. Тоа претставува двоен трошок што директно оди на штета граѓаните, кои се уште ги чекаат големите ветувања на Заев кои ги даде пред изборите, а сега ретерира од нив.

„Непотизмот секогаш бил главна карактерна особина на СДС, но Драги Рашковски ги надмина сите непотистички потези на СДС. Овој документ покажува дека Владата на Република Македонија, преку генерелниот секретар Драги Рашковски, го овластила адвокатот Дејан Костиќ, кој е кум на Драги Рашковски да свикува управни и надзорни одбори, да оди по институции, да ги притиска, да се однесува некултурно, буквално да дивее по македонските институции, да навредува и омаловажува. Значи кумот на Драги Рашкоски се прави газда по македонските институции. Срамно, недостоинствено и неодговорно. Само затоа што Рашковски му е кум. Па кај го има ова? Па кој е должен да го трпи ова самоволие? Што се замислуваат овие луѓе од владата? Ќе следува одговорност за секого кој покажува вакво самоволие“, обвинија од ВМРО-ДПМНЕ.