Рашковски: Заев ме задолжи за спорниот тендер, не поднесувам оставка

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашкивски на прес-конференцијата во вторникот во врска со во петокот објавениот аудио запис за набавка на опрема во агенцијата за контрола на летањето М-НАВ, рече дека ќе биде покрената тужба за клевета и навреда кон повеќе лица и интернет портали, поради случајот за тендерот со М-НАВ, но

Како што истакна Рашковски, тужба ќе биде поднесена против Иванка Василевска, Миленко Неделковски, Љупчо Златев, Горан Момировски, партијата Левица, Ирена Радовановиќ, Љупчо Палевски и Ваљон Беља. Арбитражна постапка ќе биде поднесена против порталите „Курир“, „Експрес“, „Инфомакс“ и „Лидер“.

„Беше спорено зошто е моето присуство на ваков состанок, а тоа е така затоа што тоа се ингеренциите на генералниот секретар“, ова денеска го изјави Драги Рашковски на прес-конференција по скандалот кој ја тресе јавноста веќе неколку дена. Имено според членот 11 став 2 од Законот за Влада. Претседателот на Владата, (во случајов Зоран Заев) го насочува дејствувањето на Владата во целина или на нејзините членови во согласност со програмските одредби и насоки што таа ги утврдува“, рече Рашковски.

Генералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, им се извини на лицата и државите кои се нашле навредени во објавената „бомба“ за тендерот за набавка на радарски систем.

За случајот со радарите кои останале без сигнал во септември е разговарано на затворена владина седница, но информациите се класифицирани бидејќи станува збор за доказна постапка во Обвинителството.

„По носење на одлуките од страна на Обвинителството, информациите ќе бидат јавни“, рече Рашковски на прес-конференцијата во Владата.

Прашан зошто инцидентот се случил во септември, а Владата за ова разговарала минатата седмица, Рашковски појасни дека за ова е разговарано на првата владина седница по добивањето на извештајот за овој случај од страна на Комитетот за воздухопловни несреќи.

На новинарско прашање „Дали Драги Рашковски по мега скандалот во Владата ќе се поднесе оставка од функцијата генерален секретар на Владата на Република Македонија“, тој одби да даде одговор.

Рашковски по поставеното прашање од новинар дби да даде одговор дали ќе се поднесе оставка по скандалот и расизмот кој го употребуваше во разговорот кој беше обелоденет во јавноста. Тој не одговори ни дали ќе се извини на Ромите кој ги навреди, ниту на Италијанската влада и држава нарекувајќи ја „Е*и ветер“.

„Повелете со други прашања“, рече Рашковски одбивајќи да даде одговор.